Фото: Маја Јаневска-Илиева

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а во одделни подрачја можно е и краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 20 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 17 степени во утринските часови до 33 степени во текот на денот.