АТЛЕТИКА – СП ЗА МЛАДИНЦИ
Македонскиот атлетичар Брајан Авиа имаше успешен настап на Светското првенство (СП) за младинци под 20 години, кое се одржа во Орегон, САД. Тој во дисциплината скок во далечина оствари резултат од 7,04 метри, со што го освои 24-то место во конкуренција од 30 најдобри младинци од целиот свет.
Настапот на ова СП во САД претставува уште едно големо меѓународно искуство за младиот Авиа и потврда за неговиот напредок и одличните резултати што ги постигнува во текот на оваа натпреварувачка сезона.
Атлетската федерација на Македонија (АФМ) упати честитки до него и неговиот тренер Ѓорѓи Вучков за успешниот настап и достојното претставување на Македонија на светската атлетска сцена, пренесе АФМ. Г.И.

































