Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе бара Иран да плати компензација за конфликтот на Блискиот Исток, како дел од евентуалните идни мировни преговори.

Како причина, Трамп ги наведе насилството и нападите за кои, според него, Иран сноси одговорност во текот на изминатите децении.

Трамп рече дека Иран бара компензација за штетите претрпени во петмесечниот воен конфликт, но дека и тој ќе бара надомест од Техеран за жртвите и повредените во нападите за кои го обвинува Иран.