Фото: Пиксабеј/илустрација

44-годишен жител на село Љубојно загина рано утринава откако изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот кај селото Брајчино, ресенско, пренесе МИА.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во 05.45 часот во СВР Битола. Мотоциклистот В.Т. (44), управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.