Фото: Твитер

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со уредба ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и во Црна Гора, пренесуваат новинските агенции.

-Според уредбата отповикан е Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина во Црна Гора, објавија албанските медиуми.

Отповикувањата се според вчера објавените укази, но без наведени причините за кадровските промени. Засега, не се именувани нови амбасадори на овие дипломатски мисии.

Истовремено, Зеленски со посебен указ го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук, како дел од поширока дипломатска ротација.

Овие отповикување следат откако деновиве Зеленски, ја разреши амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина. Неколку дена по нејзиното разрешување, Врховниот суд за борба против корупцијата ја стави Стефанишина под истрага со кауција од околу 134.000 американски долари. Таа е осомничена за нелегално богатење и лажно пријавување на имот. Стефанишина изјавила дека нема доволно финансиски средства да ја плати кауцијата што ја одреди судот.