РАКОМЕТ – ЕП 2026 ЗА КАДЕТИ

Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, предводена од селекторот Горан Кузмановски, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 на Европското првенство (ЕП) во Белград (Србија), вчера ги продолжи натпреварите за пласман од деветтото до 16-то место.
Во првиот од трите меча, црвено-жoлтите славеа со 34-32 (18-13) над Фарски Острови. До победата се дојде потешко од очекуваното, ако се има предвид дека на полувремето македонските надежи водеа со пет гола предност (18-13). Стефан Ѓоргиески со осум гола беше најефикасен играч во македонските редови, додека кај поразените отскокнуваше Скипаготу, кој 12 пати ја затресе македонската мрежа. Со оваа победа македонските надежи обезбедија и пласман на Светското првенство (СП) во 2017 година.
За македонската кадетска репрезентација ова беше трета победа по групната фаза во својата група А, каде што беше последна, без победа, но потоа во разигрувањето за пласман на ЕП 2026 забележа две победи, против Италија (33-23) и Турција (29-27). По овој триумф, трет на ова ЕП, Македонија сега ќе се бори за пласман од деветтото до 12-то место, а за противник ја има селекција на Португалија, која, пак, ја совлада Шведска со 32-28. Г.И.