Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува под континуиран надзор на надлежните здравствени институции, пренесе МИА.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 пациенти.

Во меѓувреме, на Клиниката за инфективни болести е регистриран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се лабораториски испитувања за потврда или исклучување на заболувањето.

Од Министерството за здравство информираат дека, во координација со надлежните здравствени установи, внимателно ја следат состојбата и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови релевантни информации.