По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба, информираше АРМ на социјалните мрежи.
– Брзата реакција, професионалноста и несебична посветеност уште еднаш ја потврдија подготвеноста на Армијата да биде со граѓаните во моменти кога е најпотребна помош – се вели во објавата.





































