Фото: ЕПА

Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови.

Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи.

Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба.

Целата област на Париз, долината на Лоара и Бургундија во централниот дел, па сè до југот на Франција, се под црвена тревога. Додека во останатите делови од Франција во сила е портокалов аларм.

Се очекува топлотниот бран да трае до средината на следната недела.