Денеска низ земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.
Веќе утре, сепак, се очекува локален развој на нестабилна облачност, која на поединечни места ќе донесе пороен дожд и грмежи.


































