Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил случајот од 30.6.2026 во 21.40 часот во парк во општина Аеродром кога 12-годишно девојче било физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.
– Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело насилство, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела поттикнување предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и неовластено снимање предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело неовластено снимање предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И. В., М. В., М. П., И. А. и И. А. за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик – се посочува во соопштението од МВР.




































