Фото: МВР

Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи.

– Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30 проценти. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69 проценти.
Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50 проценти – стои во објавата Фејсбук.

Како што дополнуваат, во борбата против трговијата со дрога се откриени 1.600 кривични дела, пријавени околу 1.900 сторители, запленети 6,2 тони наркотична дрога, спречени девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 проценти.

– Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 проценти, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 проценти, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница – се дополнува во објавата.