Постојат два типа луѓе во светот: оние што стануваат веднаш штом ќе го слушнат алармот и оние што го одложуваат барем еднаш пред да станат. Научниците што се занимаваат со навиките за спиење велат дека одложувањето на алармот може да има штетно влијание врз телото и да го наруши сонот. Утринската сонливост и пократкото време на спиење биле најчести симптоми кај оние што го одложиле алармот. Знаеме дека одложувањето на алармот може да доведе до инерција на спиењето, термин што се користи за опишување на зашеметеноста, збунетоста и утринската сонливост, што некои луѓе ги чувствуваат по будењето од длабок сон.
Експертите советуваат кога се менува времето, да си легнете како и обично. Наутро, кога ќе се разбудите сами, дури тогаш погледнете колку е часот.
Тие објавија и некои други совети што се корисни за спиење: придржувајте се до постојан распоред за спиење и будење (одење во кревет и будење во исто време седум дена во неделата), избегнувајте изложување на вештачка светлина најмалку еден час пред спиење, не консумирајте кофеин, големи оброци и алкохол пред спиење, бидејќи тие можат да го прекинат сонот на различни начини, вклучете се во релаксирачки, нестимулирачки активности пред спиење за да му кажете на вашиот мозок дека е време да се опуштите.

































