ТЕНИС – „МАКЕДОНИЈА ОПЕН 2026“
Македонскиот тенисер Калин Ивановски (22) со сигурна игра го совлада првиот носител на меѓународниот тениски турнир „Македонија опен 2026“, кој се игра на терените на ТК Југ во Скопје, Русинот Андреј Чепелев (27), со 2-0 во сетови (6-4, 6-2), за 122 минути игра. Во текот на целиот меч Ивановски доминираше на теренот и неговата победа во ниту еден момент не се доведе во прашање. Во следното коло противник на Ивановски ќе му биде победникот од мечот меѓу Саша Марковиќ од Србија и Лиам Деликата од Малта. Од другите македонски тенисери, настапот во првото коло го завршија Стефан Мицов и Кристијан Јанев. Мицов загуби од Полјакот Каспер Симковјак со 2-6 и 2-6, а Јанев од Аргентинецот Валентино Конте со 3-6, 0-6. Поради временските неприлики беа прекинати повеќе мечеви. Наградниот фонд на турнирот изнесува 30.000 долари. Г.И.
































