Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска предупреди дека Техеран ќе одговори „моментално и силно“ на секоја закана насочена кон иранскиот народ или државното раководство.
Во објава на платформата Икс, Арагчи порача дека американскиот претседател треба да ги контролира, како што наведе, своите сојузници во Тел Авив, додавајќи дека доколку тоа не се случи, Иран ќе одговори соодветно.
Реакцијата доаѓа откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, претставува легитимна цел.
Во меѓувреме, претставници на САД и Иран во Доха одржаа технички разговори посветени на можноста за постигнување договор за безбедноста на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец.

































