Каква е иднината на џихадизмот?

ИСЛАМСКИ ПАЈАК ВО ЕВРОПСКАТА МРЕЖА (ТРЕТ ДЕЛ)

  • Инаку, Бугарија ја сака – па ја сака – па ја сака, бре, Македонија – многу, многу ја сака и ќе направи сѐ за да си ја добие. Протоколите се чист колонијализам (амбасадор Никовски синдром – суперсовети што не ги слушаат)! Неграѓанскиот устав е влезен билет во тој колонијализам. Нашиве баци-Бугари се умрени да рипнат во „Колбасот“. А и Америка некако ја „редуцира“ дипломатската кинетика кон нас. Давид Шанцер од Универзитетот „Дјук“, за џихадизмот вели дека „проблемот е сериозен, но не и егзистенцијален“. Не се согласувам – проблемот е хиперегзистенцијален!

Прашав и повторувам – каква е иднината на џихадизмот? Црна-црносана, морбидна, бедна… со вашиот ум сметајте дека сте готови! Што? Не верувате? Вашите пријатели плачат-плачат и липаат за Хамас, Хезболах или за Иран! Плачат! Кокетираат! Гледајте! Да си Евреин или Американец – си ѓавол – да изгори! Зар не? Ај бидете искрени! Бидете искрени кон своите внуци! Ги љубите Иран и ајатоласите повеќе од своите деца и татковина! Ве слушам секоја минута! Ај гледајте ги само балистите! Што правеа за време на војната? Балистите и Ханџар – ахаааа, колеа! А возуча клање? Љубите! А што ќе ви прават во иднина? Читајте ги, читајте ги Бабановски и Бабагинин. Медиумите ви го пијат умот! Џихад-проституција! И околните медиуми – во Србија, Бугарија, Албанија, Босна, Турција – „Хамас, Хамас, Хамас… Евреи – трилионери – да се повтори холокаустот!“ Браво! Во Европа се здружени нацистите со џихадистите и екстремните левичари – ќе ви тропнат на врата – дали разбирате! „Хајл џихад“! „Џихад-џихад абер зихер“! Исто ќе биде и во Америка по Трамп (каков-таков е против џихадизмот). Во Британија Стармер им коленичи на џихадистите. Меланшон, Макрон и Шулц коленичат! Меркел, Фон дер Лајен, Калас коленичат. Во Германија официјално има 32.000 од Хамас, наострени до лудило (велат безбедносните служби). Тоа е повеќе од Палестина. Исто и за Хезболах, ИСИС. Африка е касапница. Во Југославија владата освен џихад имаше „Хитлер Јунген“, на пример Стане Доланц и Анте Марковиќ. Заради нив Бабановски ќе изгубеше глава. Југославија ги ослободи од затвор Ел Хусеини и Карлос, потоа Босниќ, Хасановиќ, Мешиќ, Хоџиќ, Карамуја, мегатерористи, убијци, па Хали Џаин Мухамед одговорен за 9/11, а Бин Ладен и Ал Завахири биле најмалку двапати во Македонија – ги љубите ли баци-манијаци? Рокфелерови ја држеа Народна банка на Југославија и на Македонија, а тие се основа за „евтаназија-проектот“. Збигњев Бжежински беше нивен главен агент, во Уставот на НАТО од 1970 внел обврска да се распаднат сите федерации – СССР (крваво), Југославија (крваво) и Чехословачка, дознаваме од шеф на кабинет на ген. Кадијевиќ, а и Добрила Гајиќ Глишиќ – според „кампус на лидери“ во САД. Од пријател на Бжежински, Ф.Х., дознав дека имал имоти во Украина. Имал „интерес“ за Бугарија, но не и за Македонија (самиот ми го потврди тоа во писмо). Стимулатори се и на состанокот на Љубо Бавцон од Љубљана во Струга на кривичари, барајќи од уставот да се исфрли Тито „под заштита“, прифатен од Ѓорѓи Марјановиќ, кој поради тоа е исфрлен од СКЈ. Старата гарда го поддржа титоизмот, а „младата“ (Јане Миљовски, Фрчковски) го поддржа Марјановиќ, со Атанас Вангелов, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Славко Милосавлевски (функциски „егзекутиран“ со Крсте Црвенковски како „либерал“). Во Берлин постоеше кафеана „Ново Скопје“. Господинот Гојко Јаковлевски ги чека братот Мане, Драган Богдановски (кој го предлага името ДПМНЕ) и Љубчо Георгиевски, кој мудро молчи и потоа е предложен за претседател на партијата. Кој го уби Драган Богдановски?

Според УДБА, најден е во воз, удрен со гумен чекан. Првата влада на Македонија со Љубчо Георгиевски е комплетно бугародиригирана. Последниот удар на Југославија е на 14-от Конгрес на СКЈ во јануари 1990 година со слоганот „сите Срби во една држава“. Македонската делегација прва го напушти конгресот (Петар Гошев, Јаков Лазаревски – „со чисти раце“). „Генот“ на овој распад е уште при формирањето на Југославија – од Вудро Вилсон во 1918 за да им се зададе удар на Австроунгарската Империја и „панславизмот“ на Русија и СССР. Македонската идеја постои уште од средниот век, Византија („Македонска ренесанса“), па Отоманската Империја – речник е најден во Ватикан од 16 век, а Израел Алтбауер во Псалтирот на Св. Катерина нашол македонски текст од 11 век. Потоа се просветителите. Урнисана е при договори кај Сан Стефано, Букурешт, Берлин и Париз. Професор Владо Поповски и Лила Жилина во „Коминтерната и македонското прашање“ и „Виена последната станица“, коментираат дека Коминтерната ги признала македонската нација и јазик во 1933 г., а и за Обединета ВМРО на Тодор Александров и соработките со Ванчо Михајлов, Димитар Влахов со Самуил Бернштајн, Рина Ушикова, Бен Гурион итн. Влахов го уредувал „Македонско дело“ – 1923-25 и во тој период замислете биле избрани неколку градоначалници Македонци комунисти. Против македонските требења во Бугарија бил потпишан меморандум – од Ајнштајн, Ромен Ролан, Нехру и др. На крајот македонизмот влезе кај партизаните и некои истакнати авторитети се Кузман Јосифовски-Питу, Венко Марковски (Венјамин Тошев со книгата „Современи парадокси“), Шаторов Шарло и неговите најблиски (Перо Тиквар, Мице Козар, Орце Николов), Димитар Влахов, Христијан Тодоровски-Карпош, Павел Шатев и други, што е потврдено дури и од Мекдоналд, а наводно Цветко Узунов премногу „буквално“ ја сфатил Атлантската повелба (Черчил-Рузвелт), за што пишуваат професорите Тодор Чепреганов, Блаже Ристевски, а исто и Бабановски. Но Бугарија е секогаш присутна! Во „Александровата болница“ во Софија, медицински биле убивани Македонци (се мисли и за Крсте Мисирков). Татко ми бил илегалец таму во Втората светска војна и велеше дека се правеле експерименти на луѓе. За тоа пишува и Ангел Динев. Зошто е убиен Чеде Филиповски? Атанасие Селишчев напишал „Словенските Топоними во Албанија“ во 1923 (македонски места сѐ до Јонско Море), но бил присилен да ги нарече бугарски (борба за Медитеран). Професор Ѓорѓи Малковски масовно пишува за соработниците со окупаторот и балистите. Борбата е меѓу „тврд“ и „мек“ комунизам, каде што улога имаа ОЗНА, УДБА, КОС и СИД против ДООМ и весникот „Македонска нација“, кој по разни канали се шверцува и во Македонија (СФР Југославија). Комунизмот на крајот е отфрлен, но останува империјализмот (бугарски, грчки, албански) во контекст на светските игри. Агентот Џон Шиндлер пишува за УДБА како единствена брутална што успеала да го сузбие тероризмот. Внимание: иднината на џихадизмот е експанзија, инфилтрација, глобализам, заплашување, интернет-терор, АИ-терор, когнитивна војна, окупација на ресурси (нафта, гас, вода, храна, ретки метали), воени интервенции, тероризам насекаде, сериозни војни (со Иран на пример) и не дај боже нуклеарни. „Мировен договор“? – Ха-ха-ха-ха… Тоа ти е како „Шекспир од Кривогаштани“… џихадизмот и капитализмот играат „последно танго во Париз“… во магла до изборите. А Израел? Го оставаат сам – Масада синдром? Рековме – Европа е џихад, Америка и Канада се ризик, а ние со огромни мегасимпатии кон Хамас и Хезболах од една страна, па УЧК во Косово, Албанија, Санџак и кај нас од друга страна, Босна од трета, Турција (неизвесно) од четврта, парите од Иран, Саудиска Арабија и дрогата од петта, како и видливата поткупливост на политичките фактори – сме во дупка. Џихадизација на ЕУ е војска за идна војна.

Прашање е зошто Тито беше нетрпелив кон Кисинџер, кој инаку беше човек на Рочилди (финансиери на „Генекс“, „Електроинвест“ и општо државата) и беше за интегрален СССР и Југославија? Една можност е инволвирање во Чиле со „Чикаго момците“, друга е корелациите со Мао Ѕетунг, а и можноста за знаење на некои лични податоци. Германската БНД и ЦИА беа формирани од Рајнхард Гелен, главен нацистички разузнавач во СССР за време на Хитлер. Имал и свои агенти во Југославија. Експресно се натоизирани и европеизирани јадранските државички и црноморскиот „колбас“ (Бугарија и Романија, а Украина и Молдавија се во процес плус војски инсталирани…). А балтичкиот „колбас“? А Полска? А Грузија? А Ерменија? А Калининград – уфффф! А Норвешка? Само да потсетиме дека од првите три потписници на ЕУ во 1953 година двајца беа нацисти, 31 од 36 генерали на НАТО беа од Вермахт, а ЕУ е економска екстензија на фрагментирана ИГ Фарбен. Некое „гласче“ („ликиџ“) ми кажа дека во Анкориџ, Трамп и Путин „набациле“ дека „Колбасот“ ќе орбитира кон интересот на Русија, а Блискиот Исток и Медитеранот кон Америка. Радев брзо „скокна“ до Париз да „изгланца“, па и за Македонија да зацементира. Украинскиот дел од „Колбасот“ е практично решен. Прочуениот математичар Питер Турчин преку математички модел (AWM = Attrition Warfare Model) вели дека војната во Украина ќе заврши до февруари 2027 година. Тоа зависи од „асиметрии“ во оружјата, кои спирално ќе ескалираат. Сериозни аналитичари како Александар Дугин и Константин Малофеев даваат загрижувачки прогнози за пролонгирање од 2036 до 2050 година и можна принудна нуклеаризација, а Андреј Безруков вели „ова е само почеток на трета светска војна“ и „војната ќе трае со децении и генерации“. Европа („Еурокорпс“) сака „асиметрија“, која не ја може. Војната е трка за логистика и информации. СЦИС за блискоисточната војна вели – регенерацијата (муниција, проектили итн.) ќе трае со години. До 2050 година исламот ќе биде доминантна религија во светот, а во Европа до 2085 година (студија на „Пју“).
Имам две застрашувачки прашања. Што ќе биде по претседателот Путин? Што ќе биде по претседателот Трамп? Според Кисинџер (Рочилд), пожелна е интеграција. Според Бжежински (Рокфелер) – дезинтеграција. Аксиома: интеграција значи експанзија, а стагнација е почеток на дезинтеграција. Размислете! Ако сте „баци-џихадољупци“, вашите внуци ќе бидат џихадисти. Знам – оти имам и случај во фамилија во Франција! Глобалната економија според, Џ.П. Морган, ќе продолжи со фрагментација, дисрупција, инфлација и интензивен прогрес на артефициелна интелигенција, со 35 отсто и поголема рецесија, 0,8 отсто поголема инфлација за САД (нафтената криза), брент нафта базално 80-100 долари/барел, со скокови и над 115 дури и над 150 долари (зависно од информации и искази на Трамп и Иран).
Инаку, Бугарија ја сака – па ја сака – па ја сака, бре, Македонија – многу, многу ја сака и ќе направи сѐ за да си ја добие. Протоколите се чист колонијализам (амбасадор Никовски синдром – супер совети што не ги слушаат)! Неграѓанскиот устав е влезен билет во тој колонијализам. Нашиве баци-Бугари се умрени да рипнат во „Колбасот“. А и Америка некако ја „редуцира“ дипломатската кинетика кон нас. Давид Шанцер од Универзитетот „Дјук“, за џихадизмот вели дека „проблемот е сериозен, но не и егзистенцијален“. Не се согласувам – проблемот е хиперегзистенцијален! Според Дејвид Рапапорт, тероризмот дојде во четири брана – анархисти, антиколонијалисти, левици и религии (џихад). Џихадистите се множат! Прават лом во Африка и Азија (игри на троновите), а во Европа ја преземаат власта и се проблем број еден за насилства, трговија со луѓе и верски конфликти. На избори не се може без нивните гласови. И што да се прави? Прво – да престанете да се „вљубувате“ во Хамас, Хезболах, Иран итн. Второ – да селектирате информации. Трето – да ја пренесувате идејата за мир и љубов. Четврто – вистинските исламисти да ни бидат другари – исламот е брат, а џихадот е смрт. Вистина без интереси! Имаме еден свет, ако го уништиме – немаме друг!

Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос

(крај)