Повеќе од 1.300 луѓе починале како последица на топлотниот бран што од 21 јуни ја зафати Европа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс објави дека високите температури досега однеле повеќе од 1.300 животи.
Тој посочи дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, при што стотици лица починале, училиштата се затворени, а електроенергетските системи се под силен притисок поради зголемената потрошувачка.
Во меѓувреме, Чешка денеска го собори вториот последователен дневен температурен рекорд. Во Доксани, северно од Прага, биле измерени 41,1 Целзиусов степен, соопшти Чешкиот хидрометеоролошки институт.
„Ова е првпат официјално да регистрираме температура над 41 степен во нашата мрежа на метеоролошки станици. Температурата сè уште расте, па веројатно ова нема да биде највисоката измерена вредност“, соопшти Институтот.
































