Фото: ОФМ

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА ЛИГА

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија годинашниов настап во Европската лига (ЕЛ) го заокружи со по една победа и пораз на последниот трет турнир годинава во Приштина, каде што настапи ослабена. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски славеа на мечот со Косово со 3-0 во сетови (25-12, 25-19, 27-25), а потоа загубија од Израел со 0-3 (19-25, 19-25, 14-25).

Македонија во годинашната ЕЛ оствари по три победи и порази, освои девет бода, со вкупна сет-разлика 9-10, и не се пласира во финалната група, во која ќе играат првите четири репрезентации, од вкупно 27 што се натпреваруваа, а Данска прва го обезбеди пласманот на фајналфор-турнирот, но и на Европското првенство во 2028 година, откако ЕЛ од годинава е квалификациска за настап на континенталното првенство. На ЕП 2028 директен пласман имаат четирите домаќини на шампионатот, потоа по четири најдобри селекции од Европската лига за 2026 и за 2027 година и европскиот првак од ЕП 2026, а преостанатите места ќе бидат пополнети од европската ранг-листа, според податоците на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Г.И.