АТЛЕТИКА – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО

  • Тој ја истрча патеката за 51,78 секунда, со што го подобри сопствениот национален рекорд, кој досега беше 52,23 секунди

Македонскиот атлетски репрезентативец Јован Стојоски оствари нов голем успех на Балканското првенство за сениори што викендов се одржа во Волос (Грција), поставувајќи нов национален рекорд во трката на 400 метри со пречки. Тој ја истрча патеката со време од 51,78 секунда, со што го подобри сопствениот национален рекорд, кој досега беше 52,23 секунди, поставен пред една седмица.

Подобрувањето од 0,45 стотинки е уште една потврда за одличната форма во која се наоѓа македонскиот репрезентативец годинава. Македонски претставници на оваа Балканијада беа и Андреас Трајковски (скок во далечина и штафета 4х100 м), Јован Стојовски (400 м со пречки и штафета 4х100 м), Марко Алексовски (100 м, 200 м и штафета 4х100 м), Брајан Авиа (скок во далечина и скок во височина), Владимир Битољану (200 м и штафета 4х100 м), Мелиса Димитриоски (100 м) и Михаил Петров (400 м и штафета 4х100 м), информира Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Г.И.