Фото: Пиксабеј

Патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички се запали попладнево додека било во движење на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 17.56 часот. Според пријавата, возилото, кое е во сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека се движело по булеварот.

На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успешно го изгаснала пожарот.

Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат утврдени по дополнителна проверка.