Фото: Пиксабеј

Како што парчињата град стануваат поголеми и потешки така расте и нивната разорна моќ при ударот.
Климатологот Андреас Преин од швајцарскиот универзитет ЕТХ во Цирих предупредува дека помалиот град може сериозно да ги оштети земјоделските култури, но кога зрната ќе достигнат големина од околу пет сантиметри, тие може да предизвикаат голема штета на возилата, покривите, соларните панели и другата инфраструктура.
Сончевите централи се особено ранливи. Операторите често треба да докажат дека панелите може да се постават под агол од 70 степени за да се заштити стаклото од пукање во случај на град, но приспособувањето на целата европска соларна инфраструктура на таквите системи е голем предизвик.
Индивидуалните оштетувања на покривите може релативно лесно да се санираат, но кога голем број крупни зрна ќе погодат иста зграда, резултатот често е потреба од целосна замена на покривот. Научниците истакнуваат дека потопла атмосфера може да собере повеќе водена пареа, што го зголемува количеството на достапна енергија за развој на силни бури. Ова води до посилни нагорни струи и повеќе бури способни да произведат град. Од друга страна, потоплиот воздух може да стопи помал мраз пред да стигне до земјата, што би можело да го намали бројот на помали парчиња град во тропските области.