Нови изданија за деца
Пред голем број посетители неодамна во просториите на библиотека „Искра“ во Кочани, во пријатна атмосфера, беа промовирани книгите „Успешни деца, среќни родители“ на м-р Гордана Трајановска Колева и „Учиме да читаме и пишуваме со Јована“ од авторката Лилјана Трајановска Велкова. Интересно е дека книгите се дело на две сестри.
Во улога на модератор, промотор и рецензент беше Марија Величкова, по професија психолог.
Оваа презентација на дела што се однесуваат на најмладите беше убав пример како се твори на темата посветена на правилниот раст и развој на најмладите. Беше нагласена потребата од поттикнување на позитивните вредности кај децата во време на технолошките промени што нѐ следат, како и давање поттик за правилен развој и создавање топла поврзаност со родителите.
Во второто дело „Учиме да читаме и пишуваме со Јована“ на креативен начин се претставени методи за едукација на најмалите ученици во текот на совладувањето на азбуката, односно пишувањето и читањето.
Фото и текст: Библиотека „Искра“-Кочани

































