Израел ги суспендираше нападите врз Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес висок израелски функционер.
„Ројтерс“ објави дека Техеран предупредил дека ќе ги продолжи нападите доколку Израел продолжи да дејствува против Хезболах во Либан.
Претходно и Иран ги суспендираше нападите кон Израел.
Одлуката беше објавена преку иранската војска на националното радио, по ноќ исполнета со меѓусебни напади меѓу Иран и Израел, што претставува најсериозна ескалација од стапувањето во сила на прекинот на огнот во април.


































