Фото: Маја Јаневска-Илиева

Најмалку пет лица се повредени откако трамвај претпладнево излета од шините во Белград и удри во зграда, пренесе МИА.

Во несреќата целосно е уништена возачката кабина на трамвајот, искршени се прозорците, а дел од седиштата биле искорнати од внатрешноста на возилото.

Според податоците на ГСП Белград, повредени се пет лица, меѓу кои и возачот на трамвајот, кој е префрлен во Ургентниот центар.

-Во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот – изјави за N1 Иван Банковиќ.

Засега нема официјални информации за причината за несреќата, а надлежните истражуваат дали станува збор за инфраструктурен проблем или човечки фактор.