Во мароканскиот град Фес се урна станбена зграда, при што загинаа 11 луѓе, а шестмина се повредени.
Спасувачките екипи сè уште трагаат по станарите кои се заробени под урнатините.
Сè уште се истражуваат причините за инцидентот, а жителите од околните згради се повикани да се евакуираат.
































