Кинескиот претседател Си Џинпинг сподели информации со рускиот претседател Владимир Путин за време на неформалната средба на чај во Москва за неодамнешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Па, секако дека сподели информации за посетата на Трамп. Тоа беше многу, многу детален разговор, вклучително и за тоа – рече Песков.
Трамп престојуваше во тридневна посета на Кина, што е прва посета на еден американски претседател од 2017 година.
Трамп и од Пекинг изјави дека тој и Џинпинг постигнале „фантастични трговски договори“.
































