Победа – илузијата и нејзиниот крај

По повод годишнината од победата над нацизмот – 9 Мај (втор дел)

  • Денес антагонизмот продолжува. Замислете, во 1950 година Тито рече „… кога-тогаш македонскиот народ да биде обединет“. Друго – кажете вие! Искрено, ама сосема искрено, транзицијата од комунизам кај нас во капитализам е агрегатна состојба – од цврста, во испарување – парите од контролирана мафија преминаа во неконтролирана. Денес сила на раздор е национализмот, а сила на соединување е страв од околните држави. Антисемитизмот и џихадофилијата се разгорени со Иран и Блискиот Исток, секаде има религиозен остаток од минатото и љубов кон нафтата (пари)

Која е стратегијата на Хитлер? Кој е Хитлер? Дали е некој бездомник, кој „по случајност“ дошол во состојба да го заземе светот, или е систем? Можете ли вие да го направите тоа? Многу политичари би сакале, но не се во системот. Сите нудат крв, ама не се Хитлер. Во обидот да го разберам „менталот“ на Хитлер доаѓам до поим за хиперболичен антимодернизам. Замислете дека модернизмот дошол до „крајот“ и што понатаму? Хиперболичен поврат кон сурова квазиреална архитектура, па и Хитлеровиот генијален сурово реален Шпер, кој измисли огромни згради, а потоа страшни оружја – огромни тенкови, ракети, па и атомско оружје. Ме потсетува на античката Кабала – огнени холокаусти и летала (Меркаба, Езекил, Јован), змејови, чудовишта (Голем, Левијатан). Значи, системот е Левијатан што интегрира – интереси, доминација, финансии, владеење, глобализам преку масовна психоза, псевдорелигија, психологија – синдромот на „измачениот уметник“ (tortured artist trope) и шовинистички канибализам. Денес се повторува. Некои велат дека Хитлер бил британски агент трениран во Тависток со други познати личности (според агентот Грег Халет), па дури и дека е внук на Евреин, според неговиот роднина Вилијам Патрик Хитлер. Бил жесток антимасон, исто како и антисемит, а припаѓал на окултни друштва како што се Врил и Туле со Геринг, Химлер, Хаусхофер, Розенберг и други. Бил тежок наркоман како и Геринг (читај Норман Охлер). Инаку, Херман Геринг, вториот човек по Хитлер, бил пилот херој (дали ве потсеќа на други пилоти политичари), потписник на холокаустот, неуспешен снабдувач, Луфтвафе командант, собирач на украдени слики и уметнички дела, ултрабогаташ, а парадоксално – брат му Алберт спасувал Евреи. Еднаш ми заличи по фаца на Тито (чудна коинциденција). Кој му подметнал цијанид во затворот за да се самоубие во 1946 година? Многу сериозна тајна и невозможна мисија. Јас мислам (не мора да е точно) дека тоа се британските служби по договор за да оддаде некои тајни, кои не е објавено дека ги кажал. Многу тајни се пренесувани од една и друга страна што не ги знаеме – а важно е, бидејќи и денес се случува истото тоа. На пример кој го убедил генералот Франко да не прејде на страната на Хитлер? Шефот на Абвер адмирал Канарис велејќи му „внимавај, сѐ е договорено, ќе следува напад на СССР и Хитлер ќе изгуби, а потоа ќе има судење“. Имав и еден роднина што работеше за британските служби, а подоцна и за израелските (кои се дериват на британските), па ми кажуваше некои работи. Службите ја формирале и Prelatura Sanctae Crucis et Operis Dei (понизно за Бог и народот) – која денес владее со Шпанија и други земји, а не претседателот Педро Санчез Перез Кастехон – тралалализам, кој шири неоантисемитизам и неоинквизиција (како божем грижа за Палестинците… го боли… за нив)… Нафта, бе Циле, нафтааа! И гледате – се создава нов нацизам. Извинете на оваа дигресија, која морав да ја кажам. Да продолжиме за стратегијата на Хитлер – масивна, жестоко крволочна – „тополошка стратегија“ (в. TCW – Tensorcentric Warfare Strategies), во три правци („Барбароса“), плус пет други, а за пет месеци и 13 дена стигнаа речиси до Москва. Потоа со иста“ булдожерска“ стратегија СССР му возврати (маршалите Жуков, Конев итн).
Друга клучна личност е петѕвездениот генерал Двајт Ајзенхауер – нов мит, репрограмиран Џорџ Вашингтон и глазурен херој. Командант на чудни генерали. Колосален војсководец, брилијантен генерал, хуманист, популарен во светот и кај нас, но (по мое мислење и сеќавање) не толку максимален претседател на САД. Има сличности со маршалот Жуков (масивност, симултаност), плус „мозаична тактика“ со „дисперзирана Блото игра“, која денес е со електросигурносен систем (ЕСС-АГИ). Неговата стратегија е „широк фронт“, приоритет на коалиција (политико-милитаристички), масивна логистика, воздушни напади и континуиран притисок.

Обратно – маршалот Монтгомери се залагал за „тесен фронт“ – силен продор, на слаби одбрани точки. Монтгомери бил аскет со „хиперпедантерија“, прецизен, со целни точки и пред офанзива користел силна артилерија (слично на маршалот Конев). Применувал „дозирана доза“ на брзина и агресија, користејќи тенкови, авијација и десант (еднаш неуспешен), пресметаност на веројатна победа на мултипни центри (Марков модел). Некои ексцентричности се: носење две капи со два беџа, самодоверба до егоцентричност, формирал свои штабови ад хок и сакал да биде популарен. Инаку, на западниот фронт имало многу дисперзирани удари (енергетски точки) и чести продори на Германците со убиства. Ајзенхауер му дал предност на СССР да влезе во Берлин, што е политички маневар, признавање на големите жртви и „алузија“ на Прусија. Наредил задршка на Елба и контрибуирал во поделба на Берлин. Спречил судир со Советската армија и трета светска војна. Силно бил потресен од холокаустот и се залагал за праведен суд и обезбедил клучна документација за Нирнбершкиот процес. Сепак, по војната како претседател на САД има одговорност за „пад“ на Европа (1956 година – губиток на Суецкиот Канал, аутсајдерство до денес на Британија и Франција во корист на Арапите, кои му свртеле грб), потоа мисменаџмент на Израел и губење на Корејската војна. Главни „стрели“ на европскиот фронт му биле генералот Патон и фелдмаршалот Монтгомери – генијалци, многу ексцентрични. Генералот Патон, познат по молскавични тенковски напади во Африка (контра Ромел), Сицилија и Европа (Франција и Балџ), извикувал „оган и крв“, напаѓал со брзина, херојство и ефикасност. Во еден момент ми заличи на претседателот Трамп, а и по карактер личат – наглост, волатилност, агресивност, арогантност, офанзивност. Сепак, една разлика е тоа што Трамп знае да се повлекува, а Патон – не. Апсолутно бил против ровови (стационарност) и кога ќе видел ров уринирал во него. Верувал во задгробен и повторен живот и имал „визии“ на минати бојни полиња. Во детството имал дислексија (особено математика). Сепак е екстремно успешен и во критични битки… апсурдот победува невозможно.
За премиерот Черчил е интересно дека бил крајно неуспешен во Првата светска војна и обратно во Втората. Доста пиел, особено при некој пораз. По тешките бомбардирања на Лондон имал намера да употреби хемиско оружје, но бил спречен од генералите. Главен адут му е авијацијата – одбрана на Британија, а по големи бомбардирања („тепих-систем“ на генералот Харис, што денес многу се критикува) и тенковски офанзиви, со често менување на моделите „во од“, слично како Германците. Тактиката математички би ја сместиле во ТЦВ (tensor centric warfare – ТCW) – комплексна, брза сила, мултицентрична, статистичка, со користење на сите технички средства на времето, логистика и многу ефикасна шпионажа (сетете се на Душко Попов, Иан Флеминг, Кембриџ петорката, Фукс и Алан Тјуринг). Черчил не го сакаше Де Гол, а во Франција едни се бореа, а други ја зедоа власта. Но за тоа – другпат. Во однос на Македонците, Черчил е обележен како „инферно“ (огнена пропаст) со напалм-нападите во Северна Грција одн. Егејска Македонија. Беше спроведена „хибридна хајка“ (исток-запад) против обединета Македонија. Партизаните ми кажаа дека Првата македонска бригада (или дивизија) одела накај Солун заедно со некои егејски партизани, но на околу 30 километри од Солун им прочитале наредба да се вратат назад (наводно од Англија).

Инаку, Британците им праќале на партизаните помош во оружје (автомати, минофрлачи, гранати, пушки) и храна (леб, млеко и јајца во прав и друго). Победата во Македонија е прилично автономна (без кинетичка помош од надвор), но со многу внатрешни вриежи. Како Колишевски од надвор (бугарски затвор) беше управник на македонската револуција? Систем, батки – слично на Мандела. Системот е моќ од титоизмот, кого го поддржуваа и Черчил и Сталин. A противниците? Едни во затвор, други – ликвидација. За Ченто од негови роднини дознавам дека бил голем титоист, но причината за неговата трагедија е економска – барал парите од македонското земјоделство да одат во Македонија. Чудо – денес нема пари од земјоделство, туку долгови кон странство и прекупци. Казнетите резимирано се во три групи – пронацисти, комунисти македонисти и комунисти сталинисти. Македонија, според партизаните, најтешки борби имала со Балистите, потоа и со Бугарите, а со Италијанците малку, а Германците редок контакт (за разлика од масакрите во Грција и Србија). Денес антагонизмот продолжува. Замислете, во 1950 година Тито рече „кога-тогаш македонскиот народ да биде обединет“. Друго – кажете вие! Искрено, ама сосема искрено, транзицијата од комунизам кај нас во капитализам е агрегатна состојба – од цврста, во испарување – парите од контролирана мафија преминаа во неконтролирана. Денес, сила на раздор е национализмот, а сила на соединување е страв од околните држави. Антисемитизмот и џихадофилијата се разгорени со Иран и Блискиот Исток, секаде има религиозен остаток од минатото и љубов кон нафтата (пари).
Зошто медиумите во светот се антисемитски и џихадољубовни? Па, купени се! Ајде, џихадофили – ако нема ѓубриво, што ќе јадете? Понатаму: Трамповите говори се „волатилни“ – квадратно (внатре и надвор), но – важни! Јас немам „очила“ за гледање низ нив. А вие? Атентатите се земјотреси пред катаклизми.
А атомската бомба? Процесот во САД почнува со писмото на Алберт Ајнштајн, на 2 август 1939, до претседателот Рузвелт, со кое ги објаснува процесот и последиците, а почетокот на проектот Менхетн е дури во 1942 г. Во Германија почнал во септември 1939 година – значи многу порано и веројатно имало и порани резултати, но официјално не се случило тоа. Велат дека ураниумот за првите атомски бомби на САД е од Германија, со заробување на подморницата што го пренесувала во Јапонија. Има гласини и дека Рузвелт праќал ураниум во СССР. Наводно не знаеле за последиците (не верувам). Најконцентриран тогаш и сега има во рудниците на Конго. Дали денес има борба за нив? Секако, војна на разузнавачи и командоси (читај ја Сузан Вилиамс), која продолжува. Африка врие. А Ферми велел хидрогенската Б ќе „ја спали атмосферата“! Засега не се случува тоа.

За холокаустот, најцрната дамка на нацизмот, зборувавме порано и ќе зборуваме во иднина. Може да се повтори, бидејќи човекот има нацистички нагон, а антисемитизмот се качува до небото (освен моите најблиски, над 90 отсто имаат омраза кон Евреите – тврдам критично). А НАТО и Варшавскиот пакт? Тие се дел од „Студената војна“, смислено продолжение на омразата, фабрики за пари и мамутска инфлација од 1.734,5 отсто. Значи цените во САД се 18 пати повисоки, а кај нас – до бесвест, во почетокот 3 отсто, по 1890 година 57 отсто, 1989 година 2.600 отсто, до 1994 година 1.271,77 отсто, а потоа паѓаат на 4,6 отсто сега! А Израел? – Тој е „бројлер“, сурово месо за џихадизмот и нуклеарни полиња! ПРИЗНАЈТЕ: две омрази денес ви горат во душата – Американец и Евреин! Признајте! Бидете искрени како што ла-ла-лаете на телевизија со „аналитичарски“ и „хумано интелектуални“ стереотипи. Тоа се вика „омраза кон бенефакторот“ („benefactor resentment“) или обратно Стокхолмски синдром (вљубен во непријателот). Оти медиумите и информациите ве напумпале дека Американците се декадентни, а Евреите го владеат светот – па, така, сте мегаеротски страховљубени во џихадизмот и нивните ножеви. Само да потсетам (извинете) – без тој Евреин и Американец, денес ќе немавте компјутер, телевизор, автомобил, Библија, азбука, христијанство, компир, вештачко ѓубре, печатење (пред Гутенберг)… бре-бре – море, губете се фали-чифутаана – вештачки вишок на биологија! Атомка за вас… Хамас бе Иран е љубов со крв, а не компјутери – бравоооо! А јас пак ви велам – што не ги земете дома? Без гајле – доаѓаат! (Читајте ги Самуел Хантингтон, Ориана Фалачи и Андрју Кирк.) Ги заборавивте Џемо и Мефаил и нивните ларви УЧК! Браво! Брависимо! Сегашната војна на Блискиот Исток е квартет на џихад-самураи, техно-рокери, шизофренични политичари и џихадо-зацопани идиоти. Вчера на ТВ слушав „дебата“ со тежок антиизраелизам (кон антисемитизам). Јас нема да ве колнам (како вие мене и моите – знам, читам…), оти и јас сум вознемирен-запален Македонец и ги сакам сите народи. Ама знаете ли како Господ ќе го казни светот? Ќе ги присили сите да станат џихадисти (читај ги Дарил Ли, Бат Јеор, Глен Робинсон, Брус Бауер).
Кога ќе го читате овој текст можеби ќе има војни (денес е 26 април). САД се повлекуваат од Сирија (крајно опасно), Иран сака да излезе на Медитеранот, а Африка е вриеж од џихадисти. Стратези и коментатори – потсетете се на историјата: Александар влегол во Персија преку Персиската порта (Доналд В. Енгелс), а Монголите преку Корасан (книгите на Џорџ Лејн). Не верувам дека некој има „петља“ за истото тоа. Израел има тактика „flying wedge“ (брзи напади), слично на Ромел, Монтгомери и Конев, но се плашам дека ќе прејде во дефанзива како „Нинџа-Шугендо“. Америка има стратегија „dispersed topology and game theoretic“, со сигнал и новата МИТОС-асистенција (многу опасна). Иран има модел „dispersed game theoretical“, потпомогнат со опрема од Кина, која е „антидот“ на американската. Само уште една дигресија, ве молам: на следните американски претседателски избори ќе има две лобистички групи- еврејска и џихадистичка. Знам за која сте! Има и зрачење во атмосферата, кое се создава со судири на ракети и без атомски бомби. Порака: останете во Македонија. Дома сте херои, а во светот сте метлари, шит-вредности и нуклеарни заморчиња. Последна порака: нека живее 9 Мај, Денот на победата над нацизмот, и останете со Бога и вашите најблиски.

(крај)

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио