Иран достави нов мировен предлог до Соединетите Американски Држави преку Пакистан, со цел завршување на војната во рок од 30 дена и претворање на актуелниот прекин на огнот во траен мир – објави Ал Џезира.
Планот се состои од три главни фази и вклучува обврска за ненапаѓање, која би се однесувала и на Израел, со цел да се спречи нова ескалација во регионот.
Во првата фаза е предвидено постепено отворање на Ормуската Теснина, како и укинување на блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, додека Техеран би се обврзал да ги отстрани морските мини.
Според полуофицијалната агенција Нур њуз, планот од 14 точки е одговор на американски предлог од девет точки. Иран бара укинување на санкциите, повлекување на американските сили од регионот и прекин на сите воени дејствија, вклучително и конфликтите поврзани со Израел во Либан.
Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно го отфрли предлогот, дипломатските контакти продолжуваат, а во сила е кревко примирје кое трае околу три недели.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи разговараше со својот колега од Оман, Бадр ал-Бусаиди, при што Оман повторно се јавува како посредник во разговорите меѓу двете страни.

































