Фото: Пиксабеј

Во рамки на вчерашната сообраќајна акција на подрачјето на Скопје, санкционирани се вкупно 113 возачи на мотоцикли – информира Министерството за внатрешни работи.

Од нив, четворица управувале мотоцикл без соодветна категорија, 17 биле затекнати како управуваат велосипед со помошен мотор без возачка потврда, додека дури 45 возачи не носеле заштитна кацига.

Изречени се и три санкции за нерегистрирани мотоцикли, како и три за неносење сообраќајна дозвола. Дополнително, две мерки се однесуваат на движење по несоодветна површина, а уште две за незастанување на даден знак. Евидентирани се и 37 други прекршоци.

За време на контролата, едно лице е лишено од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, поради безобѕирно управување со моторно возило.

Акцијата ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12 до 20 часот.

Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата со цел зголемување на безбедноста на патиштата.