Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

На специјален состанок одржан во Ванкувер (Канада), Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ) едногласно одобри два амандмана на правилата на игра, предложени од Светската фудбалска федерација (ФИФА), за справување со дискриминаторското и несоодветно однесување, пишува ФИФА. Како што беше договорено на Годишното општо собрание на ИФАБ во февруари, овие одлуки следуваат по темелни консултации предводени од ФИФА со сите клучни засегнати страни.
– По дискреционо право на организаторот на натпреварувањето, секој фудбалер што ја покрива устата во конфронтациска ситуација со противник може да биде санкциониран со црвен картон. Исто така, по дискреционо право на организаторот на натпреварувањето, судијата може да го санкционира со црвен картон секој играч што го напушта теренот во знак на протест против одлука на судија, а ова ново правило ќе важи и за секој службеник на тимот што ќе ги поттикне играчите да го напуштат теренот. Тим што ќе предизвика натпреварот да биде прекинат, во принцип, ќе го изгуби натпреварот – пишува Светската фудбалска федерација.
Овие мерки ќе се спроведуваат на СП 2026, а измените ќе бидат доставени до 48-те репрезентации што ќе играат на Мундијалот годинава, информира ФИФА. Н.М.