КУГЛАЊЕ

Петар Радовиќ од скопскиот кугларски клуб Макпетрол и Стефанија Алексовска од кугларскиот клуб Пелистер ПИН од Битола се македонски поединечни прваци во куглање за 2026 година. Тоа е епилогот од завршницата на првенството во кугларницата во Битола. И двајцата по квалификациите ги победија своите противници во осминафиналето, четврт-финалето, полуфиналето и во финалето. За младиот Радовиќ ова е прва поединечна титула, со што покажа дека претставува свежа сила во македонското репрезентативно куглање, а Алексовска, иако е млада кугларка, веќе е етаблирана како најголем женски талент, за што говори и податокот што за неа ова е трета првенствена титула. Резултати, полуфинале, жени: Билјана Гаврилова – Мирјана Младеновска 535-421 во соборени кегли (4-0 во сетови), Стефанија Алексовска – Данче Наумовска 578-547 (3-1). Финале: Алексовска – Гаврилова 527-542 (2,5-1,5). Полуфинале, мажи: Душко Ајдин – Лазо Анастасов 577-564 (3-1), Петар Радовиќ – Дарко Димитровски 575-576 (3-1). Финале: Радовиќ – Ајдин 571-508 (3-1). Г.И.