Фото: ЕПА

РАСПЛЕТ НА СЕЗОНАТА ВО ФУДБАЛ, РАКОМЕТ, КОШАРКА И ВО ОДБОЈКА

  • За нови континентални трофеи играат актуелните европски шампиони Пари сен Жермен во фудбал, Магдебург во ракомет, Фенербахче во кошарка и Сер Сикома Монини Перуџа во одбојка. Неделава почнуваат полуфиналето во фудбал и четврт-финалето во ракомет и во кошарка, а во мај е фајнафор-турнирот во одбојка

Во четири од екипните спортови во машка конкуренција следуваат завршниците на сезоните во трката по европските клупски трофеи. На ред се полуфиналиња во фудбал (од утре) и во одбојка (фајнафор-турнирот е на 16 и 17 мај) и четврт-финалиња во кошарка (од утре) и во ракомет (од среда), во кои ќе играат 24 тима од вкупно 13 земји.
Од тие 24 клуба, ниту еден нема два тима во трката по трофеите, а од актуелните европски шампиони во тие четири спорта, во игра за освојување нови континентални трофеи се сите, и тоа Пари сен Жермен во фудбал, Магдебург во ракомет, Фенербахче во кошарка и Сер Сикома Монини Перуџа во одбојка.
Ниту една земја нема тим во секој од тие четири спорта.

Најзастапена е Шпанија со вкупно четири клуба во трка по европските титули, и тоа два во кошарка (Валенсија и Реал Мадрид) и по еден во фудбал (Атлетико Мадрид) и во ракомет (Барселона).
Во три спорта е застапена и Франција, но со три клуба, по еден во кошарка (Монако), фудбал (Пари сен Жермен) и во ракомет (Нант). Три екипи има и Германија, но во два спорта, и тоа два претставника во трката за титулата во ракомет (Магдебург и Фуксе Берлин) и еден во фудбалската Лига на шампионите (Баерн).
Два претставника во два спорта ќе има Турција (Фенербахче во кошарка и Зираат Банккарт Анкара во одбојка), а по два тима, но во по еден спорт, ќе се натпреваруваат и од Полска (ПГЕ Проект Варшава и Алурон ЦМЦ Варта Завиерцие во одбојка), Грција (Олимпијакос и Панатинаикос во кошарка) и од Унгарија (Веспрем и Пик Сегед во ракомет).
По еден кандидат за европска титула има од Португалија (Спортинг во ракомет), Данска (Алборг во ракомет), Израел (Хапоел Тел Авив во кошарка), Литванија (Жалгирис во кошарка), Италија (Сер Сикома Монини Перуџа во одбојка) и од Англија (Арсенал во фудбал). Н.М.


ДВОЈКИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ТИТУЛИ

ФУДБАЛ, ПОЛУФИНАЛЕ
Пари сен Жермен – Баерн утре
Атлетико – Арсенал среда
реваншите се на 5 и на 6 мај
РАКОМЕТ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Веспрем – Фуксе Берлин четврток
Нант – Барселона четврток
Спортинг – Алборг среда
Пик Сегед – Магдебург среда
реваншите се на 6 и на 7 мај

КОШАРКА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Олимпијакос – Монако утре
Валенсија – Панатинаикос утре
Фенербахче – Жалгирис утре
Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив среда
се игра до три победи

ОДБОЈКА, ПОЛУФИНАЛЕ
ПГЕ Проект Варшава – Сер Сикома Монини Перуџа
Алурон ЦМЦ Варта Завиерцие – Зираат Банккарт Анкара
фајналфор-турнирот е
на 16 и на 17 мај