Фото: Маја Јаневска Илиева

Министерството за внатрешни работи информира дека на електронската адреса на МВР е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.

– Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби- велат од МВР.