ФОРМУЛА 1

  • Британската картинг-ѕвезда Хари Вилијамс го престигна Хамилтон како најмлад возач на Мекларен воопшто

Хари Вилијамс е две години помлад од великанот во Формула 1, возачот Луис Хамилтон, кога тој му се приклучи на тимот во 1998 година. Ела Хакинен, ќерка на двократниот светски шампион во Формула 1, Мика, претходно беше најмладиот возач моментално во програмата за развој на возачи на Мекларен, откако се приклучи лани на 14 години. Седумкратниот светски шампион Хамилтон се приклучи во програмата на 13 години, а потоа го имаше своето деби во Формула 1 во 2007 година. Актуелниот шампион и возач на Мекларен, Ландо Норис пак, исто така, помина низ програмата приклучувајќи се на 17 години.
– Нашата цел е да изградиме константна програма, влегувајќи во нашите тркачки програми во Формула 1, Инди кар и Светското првенство (СП) за издржливост во наредните години, а додавањето на Хари како талентиран млад картинг-возач го покажува тоа. За овој возач, мислам дека нема цел, нема притисок освен да ужива во картинг-возењето за да стекне максимално искуство, но и да разбере што значи да се биде возач на Мекларен – вели Алесандро Алуни Брави, главен директор за деловни работи на Мекларен, пишува „Би-би-си“.
Вилијамс првпат почна да се занимава со картинг во 2021 година и беше шампион на Oтвореното првенство на Британија во 2025 година, победник во италијанската серија Вотерсвифт, како и петти на ЕП во Вотерсвифт.
– Навистина сум возбуден што ќе се приклучам во програмата за развој на возачи на Мекларен. Тие се познати по развивањето таленти, па затоа е одлично да му се приклучам на тимот додека продолжувам да напредувам во картинг и во трките со едноседи во иднина – рече Вилијамс, пренесе „Би-би-си“. Г.И.