Фото: ЕПА

КОШАРКА

  • Тој ќе го добие трофејот „Џо Думарс“, именуван по членот на „Куќата на славните“, двократниот шампион и прв добитник на наградата од сезоната 1995-1996

Кошаркарот на Бостон, Дерик Вајт (31), е добитник на наградата за спортско однесување во НБА за тековната сезона. Второто место му припадна на Т.Џ. Меконел од Индијана, додека трет беше Харисон Барнс од Сан Антонио. Вајт ќе го добие трофејот „Џо Думарс“, именуван по членот на „Куќата на славните“, двократниот шампион и прв добитник на наградата од сезоната 1995-1996. Секој од 30-те НБА-тима номинираше по еден играч за наградата за спортско однесување, а списокот беше стеснет на шест финалисти, по еден од секоја дивизија.
– Дерик го претставува сето она што е добро во играта откако влезе во лигата. Наградата за спортско однесување е сосема заслужена поради тоа како Дерик постојано се однесуваше – и на теренот и надвор од него. Во секој поглед, тој е пример за тоа што значи да се биде Селтик и повеќе од заслужено што ја доби оваа чест – рече претседателот на кошаркарските операции на Бостон, Бред Стивенс, пишува НБА.
Вајт имаше просек од 16,5 коша, 4,4 скока, 5,4 асистенции, најмногу во кариерата 1,1 украдена топка и најмногу во кариерата 1,3 блокади во 77 натпревари сезонава, сите како стартер. Тој ја освои и наградата за одбранбен играч за февруари во Источната конференција и стана првиот играч на Селтик со повеќе од 75 украдени топки и повеќе од 75 блокади во една сезона откако Кевин Гарнет ја освои наградата за одбранбен играч на годината во сезоната 2007-2008.
Ова е четврта награда што ја доделува НБА сезонава. Претходно за најдобар дефанзивен играч беше избран Виктор Вембањама од Сан Антонио, што го прави најмлад добитник на наградата (22 години). Шеј Гилџес-Александар од Оклахома е најдобар играч во плејофот, Келдон Џонсон од Сан Антонио е прогласен за најдобар шести играч во лигата, а Никеил Александар-Вокер од Атланта за играч со најголем напредок во НБА. Г.И.