peace talks Islamabad
Фото: ЕПА

Иран сè уште не испратил претставници на најавените разговори со САД во Исламабад, јавуваат државните медиуми.

Според извештаите, во пакистанската престолнина не пристигнале ниту експертски тимови за прелиминарни дискусии, ниту главна делегација. Властите во Техеран порачаа дека нема да преговараат под „закани и кршење на договорите“, пренесе ДПА.

Иднината на разговорите останува неизвесна, а евентуалната втора рунда ќе зависи од тоа дали Вашингтон ќе ги ревидира своите позиции.

Еден од главните спорни моменти е американската поморска блокада на иранските бродови и пристаништа. Претседателот Доналд Трамп преку платформата Truth Social порача дека мерката ќе остане на сила сè додека не се постигне договор.

Според пакистански безбедносни извори, Техеран го условил своето учество во преговорите со укинување на блокадата.

Во меѓувреме, двонеделниот прекин на огнот меѓу САД, Израел и Иран истекува утре. Трамп во изјава за Блумберг оцени дека е „малку веројатно“ да биде продолжен без постигнат договор.