Фото: ТАВ Македонија

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре од 15 часот и задутре од 13.30 часот на Меѓународен аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид ќе се одржи симулациска вежба.

Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.

Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе се слушаат и звуци слични на употреба на огнено оружје.

Апелираат граѓаните да останат смирени и да не се вознемируваат бидејќи станува збор за планирана и контролирана активност.