ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст.
Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со вработените денеска ги предадоа хуманитарните пакети на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во Домот на културата на Општината од каде волонтери на Црвениот Крст, ќе ги достават до семејствата на кои им се најпотребни овие продукти.
-Целта на оваа хуманитарна иницијатива која е дел од нашата долгорочна заложба за поддршка на ранливите категории на граѓани е да донесе поддршка таму каде што е најпотребна – во домовите на семејствата кои секојдневно се соочуваат со предизвици. Со оваа донација сакаме да придонесеме празничните денови да ги поминат со повеќе топлина, достоинство и чувство дека не се сами. Намерата на ТАВ Македонија е покрај поврзувањето на луѓето и световите, да создава трајна вредност во општеството преку грижа, одговорност и солидарност – порача Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
ТАВ Македонија континуирано реализира низа иницијативи насочени кон корпоративна општествена одговорност преку кои поттикнува солидарност, грижа и поддршка кон подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани.
Денешната донација претставува дел од оваа поширока заложба за општествен ангажман, преку која ТАВ Македонија активно ги поддржува локалните заедници во општините каде што оперираат Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.
Kомпанијата и понатаму останува посветена на унапредување на одржливи, хуманитарни и едукативни проекти што придонесуваат за благосостојбата на луѓето и за заштита на животната средина.

































