Што помасовно рекреативно спортување, здрава животна околинаи ширење на здравиот дух меѓу младите генерации.
На 7-ми Април оваа година се навршија точно 11 години од формирањето на Здружението на граѓани „Меридијан Атлетик Еко“ од Кавадарци кое во себе ги обединува љубителите на рекреативното спортување и природатата од Кавадарци.
Она што во овие изминати години го направи здружението е исклучително позитивниот одек меѓу граѓаните на сите нивни активности и успеси и нивното влијание врз помладата популација во делот на практикување на рекреативното спортување.
Една од последните активности на здружението беше акцијата за пошумување на висорамнината Витачево кога беа посадени 1.200 садници од багрем и бор во соработка со „Национални шуми – подружница Кавадарци“.
Почнувајќи од 2019 година со исклучок на годините со пандемија членовите на здружението организираат секоја година по една акција за пошумувањ на различни локациие,а на врвот Дудица на Кожув Планина реализираа и акција за чистење на сметот покрај патот.
Идејата за формирање на ова здружение на кое граѓаните на Кавадарци со право можат да се гордеат се роди спонтано, таму на терените на спортскиот центар „Јасмин“ во разговорите меѓу редовните утрински трчања на овие вљубеници во атлетиката.
Постепено дружбите стануваат се поинтересни како и размената на меѓусебни искуства за да прерасне во формирање на здружение на граѓани кое во иднина ќе отпочне да учествува на сите улични трки во Македонија и пошироко во светот.Според зборовите на претседателот на здружението Борис Горгиев во него членуваат рекреативци како тркачи и може да се каже исклучителни личности кои постигнуваат врвни резултати.
Само да ги спомниме имињата на Ѓорѓи Белевски, Мицка Наумчевска,Анастас Гечев, Александар Петров и многу други на ултра маратоните, маратоните и трки со пречки во Македонија и во светот. Тие достоинствено го претставуваат својот град и Македонија на уличните трки во Чикаго, Бостон, Њујорк, Рим, Париз, Лондон, Берлин, Атина, Валенсија, Лисабон и други градови.
Присутни се на сите познати маратонски трики во градовите од бивша Југославија и редовни учесници на сите улични трки во Македонија. Ѓорги Белевски од своите најзначајни успеси го издвојува Охрид каде се организира најзначајната ултра трејл трка во Македонија каде членовите на „Меридијан Атлетик Еко“ освојуваат второ и трето место потоа трката во Мадеира една од најпознатите светски трки на 115 километри потоа трката на Доломитите во Италија, ултраа трејл трката во Лаваредо со 85 километри , потоа Црна Гора, Србија и многу други. Мицка Наумчевска исто така се има закитено со првите места на многу маратонски трки во Грција.
Има учествувано на четири трики и освоено четири награди во Солун и Лутраки потоа во Малта, Сплит, Дубровник, Врање и Лесковац. Како исклучителен успех таа го смета организирањето 8 години по ред на полумаратонот во Кавадарци и веќе три години вклучување на учениците од основните училишта од Кавадарци, Росоман и околните села. Особено се радува дека многу млади деца во последно време се заинтересирани за зачленување во здружението а веќе се зачленети и ученици во основно училиште.
Иницијатива за формирање на Македонска тркачка лига произлезе од пртседателот на
здружението Борид Горгиев . По разговорот со познатиот македонски атлетичар Игор Јакимовски заедно со Мицка Наумчевска стапуваат во контакт со други клубови и успеваат во декември 2025 година во Кавадарцида ја промовираат првата Македонска тркачка лига.
Членовите намакедонските атлетски клубови сега ќе се бодираат по светки норми на сите трки кои ќе се организираат во Македонија.
М.М




































