Фото: училишна архива

Велигденски јајца

Црвено, жолто, зелено…
Варено, а шарено.
Во нив мака се ставило,
сите ги сакаат по правило.
Сите деца се радуваат,
нови украси купуваат.
Сите многу посакуваат,
шарени јајца да вапсуваат.

Пролет

Кога сонцето ќе светне,
пеперугата ќе летне.
Кога во срцето мое детско сѐ е лесно.
Кога е пролет и птицата зема залет.
Кога цвеќињата ќе пеат,
тревките радосно се смеат.
Кога љубовта кон
природата
е многу силна,
љубовта кон цвеќињата
е многу милна.
Расти цвеќе, не можам
да чекам веќе.

Пелагонија

Пелагонија рамнина голема,
ти си наша убавина.
За очи си бескрајна белина,
за срца наши слатка
виделина.
Пелагонија наша
со широки ниви,
таму некаде има дрво
со сливи.
Со тебе Пелагонијо
се гордееме
по твоите полиња
тутун сееме.

авторка: Антониа Лопатичка,
петто одделение
менторка:
Снежана Вујасиновиќ
ОУ „Гоце Делчев“
– с. Могила, о. Могилa