Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, биле во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествувале претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

-Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди – напиша Мицкоски.