Албанија остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети. Реформите во јавната администрација на Албанија се консолидирани, за јакнење на професионализмот и деполитизацијата, се посочува во извештајот на Европската комисија, која препорача почнување преговори со Албанија.

ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на независноста, ефикасноста и одговорноста на судските институции, особено преку напредокот во спроведување на сеопфатните правосудни реформи, вклучувајќи ги „првите конкретни резултати во проверката на сите судии и обвинители“.
– Албанија презеде и одлични напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и дополнителни мерки за зајакнување на ефикасната заштита на човековите права на припадниците на малцинствата, вклучувајќи ги и Ромите – се посочува во извештајот.

Препорачувајќи почнување на претпристапните преговори со Албанија, ЕК истакна дека земјата мора да ги продолжи почнатите реформи во клучната област – владеење на правото, како и да станат видливи резултатите од проверката на судии и обвинители.


Тирана сака воено база на САД

Албанија сака САД да изградат воена база на нејзина територија за да спречат влијание од Русија, изјави албанската министерка за одбрана Олта Џачка.
– Мислам дека треба да испратиме силна порака дека Западен Балкан е регион ориентиран кон Западот, дека споделуваме исти принципи и вредности што треба да се бранат – изјави таа при посетата на Пентагон каде што имаше средба со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.
Таа предложи да се изгради воено-морска база на САД или на НАТО во Јадранско Море.
Министерката посочи дека Русија „се обидува да ги зголеми влијанието, дестабилизацијата и акциите преку тајни служби, инвестиции или пропаганда“, но исто така и „Кина, Иран, па дури и Турција“.