Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека предлогот на САД за прекин на војната се разгледува од највисоките државни структури во Техеран, но нагласи дека нема директни преговори меѓу двете земји.
Во обраќање за државната телевизија, Арагчи појасни дека комуникацијата се одвива исклучиво преку посредници и не може да се смета за формален дијалог со САД.
Осврнувајќи се на ситуацијата со Ормуската Теснина, тој истакна дека оваа клучна поморска рута ќе остане затворена за, како што рече, „непријателските држави и нивните сојузници“.
Арагчи додаде дека иранските сили веќе обезбедиле безбеден премин за бродови на земјите што ги сметаат за пријателски, потенцирајќи ја контролата на Иран врз оваа важна енергетска артерија.
































