John Denton
Фото: ЕПА

Генералниот секретар на Меѓународната трговска комора, Џон Дентон, предупреди дека актуелниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика сериозна глобална индустриска криза.

Тој посочи дека, според проценките на Меѓународната агенција за енергија, светот веќе се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови во 1970-тите години.

Од деловна перспектива, како што нагласи Дентон, ризикот не се однесува само на растот на цените на енергијата, туку и на нарушувањето на индустриското производство, кое се соочува со недостиг на гас и други клучни ресурси.

Овие оценки тој ги изнесе во пресрет на состанокот на министрите на Светската трговска организација, што ќе се одржи во Јаунде, Камерун.