Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на оклопни возила од типот „Страјкер“ (STRYKER) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, оценувајќи дека станува збор за значајна инвестиција во модернизацијата на Армијата.
Како што информираше, набавката на возилата се реализира во рамки на соработката со Соединетите Американски Држави, преку два договори на принципот Влада-со-Влада, кои ги опфаќаат и лесните оклопни возила ЈЛТВ (JLTV) и „Страјкер“.
– Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста и ја зголемува мобилноста на Армијата, со што стануваме поконкурентни во однос на другите армии – истакна Мицкоски.
Тој упати благодарност до припадниците на Армијата, Министерството за одбрана, како и до стратешкиот партнер САД и американската амбасада за поддршката и логистиката во процесот.
Премиерот најави дека Владата ќе продолжи со инвестиции во одбранбениот сектор и унапредување на капацитетите на Армијата во наредниот период.











































