Фото: ЕПА
  • Овој звучен идентитет, дизајниран да го подобри препознавањето на олимпискиот бренд, првпат беше употребен за време на ЗОИ 2026

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја претстави првата звучна интерпретација на олимписките кругови. Овој нов звучен потпис е создаден од отчукувањата на срцето на глобалната олимписка заедница и првично се појави на сопствените канали на ИОК. Потписот ги трансформира емоцијата и човечката поврзаност на олимписките игри во обединувачки звук на отчукувања на срцето, придружен со пулсирачки олимписки прстени. Овој звучен идентитет, дизајниран да го подобри препознавањето на олимпискиот бренд, првпат беше употребен за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) годинава во Италија, пишува ИОК на својата интернет-страница.
Инспириран е од идејата дека кога луѓето заедно гледаат настани, како што се олимписките игри, нивните отчукувања на срцето се синхронизираат. За да се создаде звукот беа снимени стотици вистински отчукувања на срцето од целото олимписко движење, вклучувајќи ги и оние на олимписките шампиони Абхинав Биндра (стрелаштво, Индија), Алистер Браунли (триатлон, Велика Британија), Алисон Феликс (атлетика, САД), Џесика Фокс (кану слалом, Австралија) и Мартин Фуркад (биатлон, Франција), пишува ИОК.
Сето тоа создаде единствена приказна, со спортисти, публика и службени лица што се здружија за да бидат дел од споделеното искуство, а беше искористено за да се создаде основата на прв звук од ваков вид за олимписките кругови, преведувајќи ги целата решителност, радост и триумф на спортот во жива музика што ги отелотворува емоциите и универзалното човечко искуство на олимписките игри, пишува ИОК. Звучниот потпис е дизајниран да го подобри препознавањето на олимпискиот бренд. Беше воведен за време на ЗОИ 2026. Придружен е со освежен дигитален идентитет наречен „Пулсот“, кој е дизајниран и изразен преку призмата на споделен ритам и вклучува симбол на движење, графички систем и тон на гласот, појаснува ИОК. Г.И.