Фото: Маја Јаневска Илиева / Илустрација

Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Доделени се 136.450.639,00 денари кон 276 корисници за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети; за овошје предадено во преработувачки капацитети – 17.058.566,00 денари кон 354 корисници; за производство на домашен лозов и овошен саден материјал – 40.319.770,00 денари кон 8 корисници; за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури – 38.793.297,00 денари кон 16 корисници; за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури – 9.774.800,00 денари кон 7 корисници; за регистрирано презимено пчелно семејство –  21.446.792,00 денари кон 1.021 корисник.