Морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил погоден со балистичка ракета и беспилотни летала, по што бродот бил принуден да се повлече од водите на Заливот, пренесе „Анадолија“.
Според иранските власти, нападот бил изведен во Оманското море, на околу 340 километри од поморските граници на Иран, со напредни ракети и беспилотни летала, во рамки на операција на Централниот штаб на Светиот пророк (С.А.В.) на Иран. Детали за обемот на штетата или евентуалните жртви не се објавени.
Иранската државна телевизија јави дека американскиот брод и неговата придружна ударна група биле видени како „бегаат од областа со голема брзина“. Исто така, ИРГЦ претходно го нападнал и базата на Петтата флота на Соединетите Американски Држави во Мина Салман со ракети и беспилотни летала, таргетирајќи клучни објекти како системи за одбрана, складишта и резервоари за гориво.
Сепак, Вашингтон ги негира овие тврдења и соопшти дека носачот „Абрахам Линколн“ продолжува да ја поддржува операцијата „Епски бес“. Американските медиуми известуваат дека ирански брод пловел премногу блиску до носачот на авиони, но американските војници отвориле оган, а засега не е потврдено дали бродот бил погоден.
„УСС Абрахам Линколн“ е носач на авиони од класата „Нимиц“ со нуклеарен погон, со долга историја на распоредувања, првенствено за поддршка на интересите на САД на Блискиот Исток и во регионот Индо-Пацифик.
Иранските воени претставници нагласија дека нападот демонстрира супериорни поморски способности и подготвеност да ги брани националните интереси, истакнувајќи го решителниот отпор кон секоја закана за суверенитетот на земјата.
































