Фото: МВР/илустрација

Педесет и двегодишен наставник од средно училиште на подрачјето на Општина Центар во Скопје е лишен од слобода по пријава дека вознемирувал ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека лицето било приведено вчера околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје.

Според пријавата, наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да стапат во полови односи.

Од МВР соопштија дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.