Во Скопје вчера беше одржана основачкото собрание на Здружението на Хрватите во Скопје, со што и официјално беше формирано ова здружение.
На настанот, кој се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во свечениот дел се обратија амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, пратеникот во Владата на Хрватска Јосип Туниќ, како и Марина Малиш Саздовска, претседателка на Иницијативниот одбор за основање на здружението.
Во рамки на работниот дел од основачкото собрание беа усвоени Актот за основање, Статутот на здружението и Програмата за работа за 2026 година, а беа донесени и одлуки за избор на претседател и органите на здружението. Исто така беше донесена одлука Здружението на Хрватите во Скопје да пристапи кон Сојузот на здруженија на Хрватите во Македонија.

Со формирањето на здружението се создава нова платформа за зачувување и унапредување на културниот идентитет, традицијата и соработката на Хрватите во Скопје.
































